До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите во денешниот меч од 12 коло на ПЛ одигрувајќи 1:1.
Големото дерби кое го најавуваа англиските медиуми не донесе ни блиску добра партија каква што се очекуваше.
Можеме да речеме дека слободно гледавме прилично досаден натпревар се до последната четвртина од мечот.
Манчестер Јунајтед во текот на првото полувреме можеби можеше да добие и пенал кога Антонио Валенсија падна во шеснаесетникот, но главниот судија Маринер остана нем.
Тоа е се што вредеше да се спомене од првото полувреме. Манчестер поведе во продолжението од мечот после погодокот кој го постигна Мата во 68 минута и се чинеше дека дека ќе слават победа.
Сепак, упорниот Арсенал од првата шанса на мечот успеа да дојде до израмнување и тоа во 89 минута кога резервистот Жиру погоди за конечни 1:1. Манчестер Јунајтед после овој меч остана на 6 место со 21 бод, додека Арсенал е на третото место со шест бода повеќе.















