До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хенрик Михтаријан е задоволен со својот настап против Фејенорд, а после долго време натпревар почна во стартните единаесет.
„Преубаво е чувството да заиграте и конечно ќе бидам стартер на еден натпревар. Задоволен сум, ова е за мене нов почеток“, рече Михтаријан, кој потоа додаде:
„Не ми беше лесно да гледам од клупата и трибината се она што се случуваше во минатите недели. Се трудам да се наметнам и ќе дадам се од себе во иднина да добивам се поголема минутажа“.
Михтаријан во Јунајтед стигна пред почетокот на сезоната од Дортмунд, а за Јунајтед запиша само шест настапи со скромна минутажа.















