Заврши престојот во Битола за двајца ракометари на Еурофарм Работник


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Битолскиот клуб, Еурофарм Работник и официјално го раскина договор со двајца српски интернационалци поради лошиот учинок во првите шест натпревари од Суперлигата.

    Филиќ и Долиќ повеќе не се ракометари на Еурофарм Работник, а тренерот Марковски ја објасни причината.

    „За жал нивниот учинок беше под нашоте очекувања и одлучивме Филиќ и Долиќ да ги ослободиме од обврските. На нивните места ќе дојдат нови ракометари со кои ќе го продолжиме нашиот процес на надградба во Суперлигата“, изјави тренерот на Еурофарм Работник, Марковски.