До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Милан Бадељ е спремен да го откупи сопствениот договор од Фиорентина и во јануари да го напушти клубот, тврди Calciomercato.it.
Хрватскиот играч за врска е спремен да се повика на правилото на ФИФА кое дозволува играчите кои ќе потпишат договор пред 28 години од животот може да го откупат договорот после три години во клубот.
Бадељ има договор со Фиорентина до 2018 година, а неговиот агент Дејан Јоксимовиќ истакна дека е мала веројатноста за да го одработи до крај.
Милан најчесто се споменува како нова дестинација во врска со играчот за врска на Виолетовите, а заинтересирани се и Рома, Челси, Борусија Мехенгладбах и Шалке.
Единствен проблем е што Фиорентина не е спремна да го пушти Бадељ, на кого навивачите го исвиркуваа во неделниот натпреварот против Сампдорија.
https://www.youtube.com/watch?v=SHnFzh6n1P4














