Заслужено: ФА Го суспендира играчот за врска на Тотенхем


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во овој викенд е одигран натпреварот меѓу Бурнмут и Тотенхем кој е завршен со резултат 0:0.

    Деталот кој го одбележа натпреварот се случи во 79 минута, кога францускиот играч за врска Муса Сисоко со лакт го удри фудбалерот на домашниот тим Хари Артер.

    Главниот судија Крег Певсон беше расположен за делење на картони во овој дуел, но потегот на Сисоко го пропушти, па фудбалерот на Тотенхем не доби ни дури ни јавна опомена.

    Сепак, после прегледувањето на снимката утврдено е дека Сисоко навистина направил инцидент, па Англискиот фудбалски сојуз (ФА) се одлучи да го казни со три натпревари неиграње.

    „Муса Сисоко е обвинет за насилното однесување кое не е видено од страна на судијата, но е видено на снимката. Инцидентот се случи во 79 минута, а во тоа беше вклучен и фудбалерот на Бурнмут Харти Артер“, се наведува во официјалното соопштение на ФА.