До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем Маурисио Покетино рече синоќа дека неговата екипа заслужи победа против Челси.
Тотенхем загуби вчера од Челси со 1:2 на Стенфорд Бриџ што е прв пораз на таа екипа во Премиерлигата во оваа сезона.
Екипата на Маурисио Покетино поведе со голот на Кристијан Ериксен во 11 минута, но Челси во финишот на полувремето израмни со погодокот на Педро. Победата на домашниот тим ја донесе Виктор Мосес во 51 минута.
„Ако го анализирате натпреварот, бевме подобри од Челси. Несреќно го примивме првиот гол, а заслуживме на полувреме да одиме со предност од 2:0 или 3:0, а не со 1:1. Мислам дека заслуживме повеќе. Во второто полувреме брзо примивме гол, но продолживме да се бориме. Нема што да замерам на своите играчи“, рече Покетино за британските медиуми.
„Ако оставием резултатот по страна – имавме повеќе топка во своја посед, создадовме повеќе шанси, сите статистички податоци одеа во наша корист, но фудбалот не е само статистика“, додаде Покетино.















