Заѕвона ѕвончето за Де Бур, французинот чека како репетирана пушка


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Помошникот на францускиот тренер беше виден на трибините во Милано на натпреварот Интер – Торино.

    На Франк Де Бур му се спрема отказ иако Интер победи со 2:1 против Торино вчера. До тој заклучок стигнаа италијанските медиуми после соопштувањето на веста дека соработникот на францускиот тренер, Лоран Блан, Жан Луј Госе беше на трибините на стадионот Џузепе Меаца.

    Поради лошите резултати, Франк Де Бур доби ултиматиум од ракоовдството на Интер пред натпреварот против Торино, а Блан фигурира како прв кандидат да го замени.

    Блан и Гисе соработуваат девет години, а поранешниот француски репрезентативец во текот на кариерата беше фудбалер на Интер.

    Покрај него, како можен наследник на Де Бур италијанските медиуми го споменаа и бразилецот Леонардо кој во 2011-та ги водеше нероазурите.