За Свонси не беше добар, а сега може да заигра за еден од најдобрите клубови во светот


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Алехандро Позуело на „Либерти“ пристигна како големо засилување, на крајот одигра 22 натпревари и за 12 месеци се врати во Шпанија, во Рајо Ваљекано.

    Помина незабележан низ Премиер лигата, но сега би можел да добие прилика да се докаже во еден од најголемите клубови во светот.

    Имено, од трансферот во белгискиот Генк, Позуело го привлече вниманието на многу гиганти низ Европа, главно поради неговите настапи во Лигата на Европа оваа сезона.

    Од него во Лигата на Европа оваа сезона повеќе асистенции има само Џулијано од Зенит. Позуело за сега има четири, а Џулијано една повеќе (5).

    А како што пренесува шпанскиот „AS“, сега неговите одлични настапи би можело да му помогнат да го облече дресот на Баерн Минхен.

    На старот на својата кариера, беше пред трансфер во Манчестер Јунајтед и Барселона, по епизодата во Свонси падна во заборав, сега изгледа дека може да ги исполни очекувањата од претходните денови.