За Сити пеналите се баш лотарија!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    После две промашувања од белата точка против Стеауа кошмарот на Граѓаните стана голманот на Евертон.

    Манчестер Сити се во пад на форма. После фуриорзниот старт, следеше реми во Гладбах против Селтик од  тогаш Сити не знае за победа.

    Прво се поразени од Тотенхем во гости, а сега го расипаа и стопронцентниот учинок на домашен терен кога ремизираа со Евертон.

    Можеше против екипата на Роналд Куман да биде целосно подруго, ако на голот на Карамелите не беше расположениот Стекеленбург.

    Скина искусниот Холанѓанец два пенали на Граѓаните, прво Кевин Де Брујн, а потоа беше кобен и за Агуеро на кого посебно не му оди од белата точка во оваа сезона.

    Кун постигна 11 голови во сите натпреварувања од стартот на новата сезона, но успеа и да промаши четири пенали. Два во ЛШ против Стеауа, потоа еден и во дресот на репрезентацијата на Аргентина, а сега и четврти против Евертон.

    Се чини дека Џагелка знаеше што работи, кога во два наврати направи прекршок за пенал во мечот со Граѓаните.

    *Вака тоа изгледаше против Стеауа
    https://www.youtube.com/watch?v=V3JT0NkJG84

     

    *Вака против Евертон