Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
За случајот Звезда – Милан пред 25 години се изнапишани многу текстови, реферати. Бројни фудбалски легенди, стручњаци го кажаа своето лично мислење за тој случај, но и ден денеска е мистерија дали таму големи прсти беа вмешани или се случи чудо во таа маглеста ноќ.
Сигурно сте слушнале за така наречената Библиска Магија во Белград која ја спречи Звезда да го елиминира Милан. Поточно Звезда беше близу до тоа, но поради лошите временски услови, натпреварот беше прекинат.
Ден потоа се изигра, и Милан победи во пенал серија.
Анчелоти инаку тогашен првотимец на гигантот од Милано, а сега тренер на минхенски Баерн проговори нешто за тој случај во почетокот на 90тите.
„Ми се чини дека Звезда нешто правеше со судиите тогаш“ – беа зборовите кои Карло ги даде во еден наврат за хрватскиот печат „Јутарни„.