До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Димитри Селук, агент кој се грижи за кариерата на Јаја Туре, нема намера да пружи рака за помирување со Пеп Гвардиола.
Јавно, кога ќе стигнеше, Селук го напаѓаше тренерот на Манчестер Сити и тоа многу го чинеше статусот на Туре во првиот тим.
Во оваа сезона фудбалерот од БСК не одигра ниту еден натпревар во лигата и во намерата да ја исправи грешката испрати испрати извинување, меѓутоа тоа истото нема намера да го направи и неговиот агент.
„Сакаме мир, но нема да се извинам. За што? Можеби Туре се извини за ова, но јас не знам поради што. Мислам дека тој тоа не го мислеше. Сакаме да се смириме со Гвардиола. Многу навивачи сакаат да го видат на терен, но неговата цел е само да помогне на Манчестер Сити да бележи добри резултати. Играч како тој, еден од најдобрите на светот, со висока плата, не сака да биде надвор од теренот. Тој мора да игра“, изјави Селук.
Да потсетиме, во оваа сезона Туре настапи само во натпреварот од Лигата на шампионите против Стеауа.















