Зимска бомба – Не го сака Мурињо, Клоп го чека со раширени раце!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јунајтед наводно нема да смета на него, а Ливерпул на таа позиција е прилично тенок.

    Левиот бек на Манчестер Јунајтед Лук Шо се наоѓа на мета на Ливерпул, пренесува Дејли стар.

    Според овие извори, Ливерпул ќе проба да го искористи фактот дека Жозе Мурињо е незадоволен со натпреварувачките квалитети на овој играч, додека Јирген Клоп во отсуство на вистински решенија, крај левата аут линијата игра со Џејмс Милнер.

    Клоп на некој начин го отпиша, односно во стави во резервен план Шпанецот Морено, кој беше слаба алка во минатата сезона и се знае дека Германецот сака лев бек.

    Шо сигурно ќе се вклопи во неговиот концепт, поради тоа што е многу офанзивен, но прашање е дали Јунајтед ќе прифати да го продаде играчот на најголемиот ривал, поготово поради фактот што е платен 40 милиони евра.

    Сепак, доколку Ливерпул доволно ја завлече раката во џебот, секако дека ништо не е исклучено.

    Да потсетиме, на мета на Ливерпул е и еден фудбалер на Барселона.