До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Набрзо после првата група, откриена и втората група.
Кристијано Роналдо ја предводи првата петорка од 30 кандидати за престижната награда, а сега е позната и втората.
Оваа група ја предводи напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман, кој позади себе има одлична година, иако ги изгуби финалината на ЛШ и ЕП и по многумина заслужува место во топ три најдобри играчи на светот.
Покрај него, тука се уште Кевин Де Брујн, Диего Годин, Пауло Дибала и Гонзало Игуаин.
Навистина уште една силна петорка, сите играчи имаат многу добри сезони позади себе, а до крајот на денот ќе бидат познати сите 30 кандидати.
Да потсетиме, Златната топка ќе биде доделена во јануари месец.















