„Златна топка“ – Пеколна деветка и тројца најдобри играчи за врска од Примера во третата група


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    После првите две, позната и третата група.

    ФИФА порано денеска ја објави првата група која ја предводи Кристијано Роналдо и втората на чело со Антоан Гризман.

    Во раните попладневни часови објавена е и третата група по пет играчи, а неа ја предводи Златан Ибрахимовиќ.

    Златан ги освои сите можни трофеи со Пари Сен Жермен а после како слободен играч премина во Манчестер Јунајтед.

    Покрај него, тука е Левандовски кој како Ибра доминираше на домашната сцена, но во Германија, а покрај нив двајцата тука се по еден од најдобрите играчи за врска  на Барса, Реал и Атлетико – Андрес Иниеста, Тони Крос и Коке.

    Значи, првата половина на кандидати од 30 вкупно е позната, до крајот на денот стигнуваат и преостанатите три групи.