До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ тврди дека не било лесно да се одлучи за Манчестер Јунајтед.
Ибрахимовиќ во летото му истече договорот от со ПСЖ и тој после тоа се одлучи да го засили Јунајтед.
„И пред година дена се зборуваше за моето доаѓање во Јунајтед и тоа беше точно. Но, не го мислев тоа во прв момент, но кога Мурињо ме повика, тогаш бев спремен“, рече Ибрахимовиќ, и додаде:
„Не беше потребно многу да ме убеди. Кога бев повикан, реков, „Ок, спремен сум, доаѓам“. Знам каде доаѓам – кај тренер победник. Сакам да победувам, затоа сум тука“,
Интересно е дека во академијата на Јунајтед ги запиша своите синови Макс и Винсент.















