Знаете ли каков е учинокот на Мурињо на последните 30 меча во Премиерлига?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Велат дека статистиката е како бикини, но во овој случај навистина и открива многу.

Манчестер Јунајтед повторно пропушти шанса да победи поради тоа што во самиот финиш испушти победа на Гудисон за трето реми во низа во Премиерлигата.

Жозе Мурињо очекувано се најде на удар на англиската јавност поради продолжувањето на очајната серија на резултати во оваа сезона, а неговите критичари навистина имаат добри аргументи.

Имено, покрај тоа што Јунајтед е дури шести на табелата со 21 бодови и само пет победи на 14 мечеви во Премиерлигата, со 13 бодови позади лидерот Челси, Мурињо ја продолжи очајната низа  сметајќи на мечевите од клупата на Сините.

Кога се тоа ќе се собере, Мурињо на последните 30 натпревари како менаџер во Премиерлигата, од можните 90, освои само 36 бодови.

Неговиот скор е ужасен на споменатите 30 мечеви – 12 порази, девет реми и само девет победи.

Жозе, признај, сепак е време нешто да промениш и да го оправдаш на терен своето славно име, бидејќи малку што остана на твоја страна по резултатите од последните две сезони.