Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Навивачите ширум светот сакаат да се пошегуваат на сметката на Арсенал и нивната четврта позиција, на која се претплатија во последниве години.
На англиските статистичари не им беше лесно да се справат со оваа необична тема, а резултатот кој го пресметаа е навистина неверојатен.
Откако е започната Премиер лигата, Арсенал на четвртото место помина дури 3,298 дена, што е проближно до полни девет години.
Топчиите и во моментов се наоѓаат на четвртото место во Премиер лигата, а токму во моментов го играат натпреварот од 18. коло против ВБА, па со победа би можеле да направат подобар пласман во зависност од останатите резултати.