Знаете ли колку играчите на Лестер разменија пасови против Сити?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едвај надминаа трицифрен број….

„Граѓаните“ имаа дури 78 % од времето топката во свој посед, пулените на Гвардиола разменија вкупно 623 пасови, што е рекорд во Премиерлигата во ова коло, но слаба утеха е кога доживеаја дебакл во Лестер.

Додуша, катастрофата е ублажена благодарение на головите на Коларов и Нолито во последните десет минути од мечот, но тоа не го менува фактот дека актуелниот шампион на Англија го разби Манчестер Сити.

Интересно, од шест удари кои отидоа во рамките на голот на Клаудио Браво завршија во мрежата, а поради два гола во првите пет минути од мечот, како и третиот кој падна од контра после 20 минути игра, пулените на Раниери не ни мораа да „играат топка“.

Зачудувачки звучи податокот дека денеска одиграа „покер“ разменувајќи само 115 пасови, најмалку во досегашниот тек од 15 колоа на Премиерлигата.