Знаете ли кој е најбрз во новиот ПЕС?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е многу тешко прашањето, но сигурно ќе има негодувања од страна на гејмерите.

На официјалниот твитер профил на популарната видео игра се појави информафија за Топ 5 најбрзи играчи во своето последно издание.

Најмногу оценки имаат Пјер Емерик Обамејанг (97), потоа Тео Волкот (96), па Ектор Белерин (95), Инаки Вилијамс (92) и Лерој Сане (92).

Меѓу пет најбрзи го нема на пример Герет Бејл, што посебно им пречеше на поголем број на следбеници на профилот.

Навивачите на Манчестер Јунајтед се прашуваат што е со оценките на Антони Марсијал, Антонио Валенсија и Маркус Рашфорд и поради што никој од нив нее во Топ 5.

Ливерпулците бараат објаснување поради што го нема Садио Мане, а еден навивач на Интер смет дека Иван Перишиќ (76) е посебно оцрнет.