Знаете ли кој е најголем страв на Хари Кејн?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот напаѓач блеска во дресот на Спарси и во оваа сезона, избраниците на Покетино играат одличен фудбал, но останаа во конкуренција за само два трофеи.

Тотенхем и во оваа сезона игра многу добар фудбал, во првиот дел од сезоната имаа гранитна одбрана, но тоа се промени после честите повреди на клучните играчи во последната линија, и заостануваат зад водечкиот Челси дури 10 бодови.

Тоа не е недостижно, но кога ќе се земе во предвид во каква форма игра Челси, сепак би било големо изненадување за Спарсите да ги стигнат Сините и да бидат лидери на табелата.

Во 1/4 финалето на ФА Куп играат со Милвол, испаднаа од Лига Европа, а Лига Куп го освои Јунајтед, единствена вистинска шанса во оваа сезона да освојат трофеј е најмасовното натпреварување во Англија.

Доколку во тоа не успеат, најголем кошмар на нивниот напаѓач Хари Кејн ќе биде чекор поблиску до остварувањето.

Имено, англискиот репрезентативец не крие дека најголем страв во кариерата му е да заврши без трофеј. Во досегашниот тек не успеа да освои ниту еден, беше на чекор од трофеј во Лига Куп во 2015 година, но Пејачите во финалето беа запрени од Челси.

„Најголем страв ми е да не успеам во тоа што го сакам во својата кариера. А тоа е да освојам трофеј“, јасен е Кејн.

„Сакам да ги освојам што повеќе можам и се надевма дека по завршувањето на својата кариера, кога ќе се навратам на минатото, ќе бидам задоволен“, додаде напаѓачот на Тотенхем.