Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике веќе долги години е столбот на одбраната на каталонскиот клуб и полека се претвора во жива легенда на клубот од „Камп Ноу“.
Во интервју за каталонската телевизија, Пике зборуваше за своите планови во иднината и откри дека сериозно планира да стане претседател на каталонскиот клуб.
„Навистина не се гледам себеси во улога на менаџер бидејќи мислам дека никогаш не би уживал во тоа. Дури сум сигурен дека во тренерската работа нема да бидам успешен. Затоа еден ден се гледам во претседателсата фотелја на Барселона“, изјави амбициозниот Пике.
„Тоа е работа која ми одговара, бидејќи сигурно би бил успешен во тоа. За мене тоа е логичен чекор по крајот на мојата кариера“, додаде Пике.
Пике со Барселона освои шест титли во Примера, три титули во Лигата на Шампионите и четири титули во Копа Дел Реј.