Зола го превзеде англискиот второлигаш


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Италијанскиот стратег Џанфранко Зола е без работа од јуни, кога доби отказ во катарскиот Ал-Араби, а новиот клуб во неговата тренерска кариера ќе биде Бирмингем Сити, кој денеска официјално потпиша договор.

Пред да пристигне на кормилото на англискиот второлигаш, Зола веќе имаше прилика да работи во Англија водејќи ги Ватфорд и Вест Хем. Едно време беше и менаџер на Каљари.

Бирмингем во Чампионшип е на осмото место со 34 освоени бода.