Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џастин Гетлин синоќа се прикажа во вистинско светло и победи на трката од 100 метри, во големото светско атлетско финале, но сепак американецот не може да ја избегне својата контроверзна историја во овој спорт.
35-ет годишниот Гетлин, не само Усаин Болт туку и ги победи и надмина сите оечкувања и обложувалници кои не му даваа големи шанси против Јамајканецот.
Тој беше баниран двапати од атлетиката поради користење на наркотични средства, нешто што фановите и медиумите никогаш нема да го заборават. Дури и после неговата победа во Лондон, тој беше претставен на сите телевизии како атлетичарот кој беше баниран два пати поради дрога.
Но што навистина земал Американецот два пати и зошто беше баниран?
Според еден весник во Њу Јорк, тој некогаш земал дрога која го нарушува вниманието и содржела амфитамин, а кога анти-допинг агенцијата го открива тоа му дава две-годишна забрана на атлетичарот, која потоа му беше смалена на една.
Во своја одбрана атлетичарот во 2001 година изјави: „Последен пат кога проверив таа супстанца беше легална“.
„Други спортисти ги земаа истите медикаменти и супстанци и добија само предупредување, а јас бев казнет.“
Затоа сега во победите на Гетлин има многу малку симпатии и првото нешто на луѓето што им паѓа на памет е користењето на штетни супстанци.
Потоа во 2006 година атлетичарот дожиева уште една катастрофа, беше баниран на осум години од атлетиката, но потоа неговата казна беше спуштена на четири. Се верува дека неговиот тим го издал и му дал недозволена супстанца. Тогашен негов тренер беше Јамајканецот Тревор Грахам кој на светот му беше познат по скандалите со дрога.
Возможно е Џастин Гетлин да бил предаден и измамен од својот тренерски тим, но неговото користење на забранети супстанци одекна низ целиот свет како бомба и така ќе остане.