Зошто Златан Ибрахимовиќ е најдобар соиграч на сите времиња?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    „За што жалам…што никогаш не сум играл за Манчестер Јунајтед. Би сакал да играв, но никогаш не сум бил на трансфер листа“.

    Ова е изјава на Павел Недвед, легедарниот чешки фудбалер кој во својата професинална кариера исполнета со бројни успеси ја заврши во 2009 година. Легендата на својата земја, но и во Италија – Јувентус, каде што играше извесен период со Златан Ибрахимовиќ.

    Во интервјуто кажа дека и одби една голема понуда од Англија, и тоа од Челси.

    „Мене ми се допаѓаше генерацијата на Пол Сколс и Рајан Гигс. На нив се восхитував. Бев љубоморен и на Карел Поборски, кој играше во Манчестер. Знам дека уште чувствува љубов кон тој клуб“, рече тој.

    Го искоментира Недвед и својот на најомилен играч на сите времиња, Ибрахимовиќ – од каде и самиот наслов на оваа вест.

    „Имав многу одлични соиграчи. Не сакам никого да навредам, но ако морам да истакнам едно име тоа е Златан Ибрахимовиќ.

    Тој е напаѓач како што ќе рече одбраната, има моќ и висина поради што се плаши одбраната, а одличен техничар е. Но, кога дојде во Јувентус – простио не знаеше да даде гол. Секога тоа кога ќе го видите – смешно е. Но Фабио Капело секој ден после тренинг го водеше на тренинзи каде што пола час само шутираше на гол“, изјави Недвед.

    Недвед сеуште е симпатизер на Манчестер Јунајтед, и го гледа секој натпревар – поготово кога деветката во тој тим ја носи неговиот омилен соиграч од пребогатата кариера.