Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Позицијата на Винчензо Монтела, останува иста, тој сеуште не е под притисок, иако тимот на Милан, беше прегазен овој викнед на „Олимпико“со 4-1 од Лацио.
Имаше шпекулации дека Монтела ќе биде отпуштен по срамниот пораз на „Росоњерите“, во неделата, но според весникот Газета Дело Спорт, главниот човек на Милан, Фасоне, му рекол дека нема за што да е загрижен и дека раководството на Милан верува во него и ќе има трпение.
Весникот објаснува дека тие се сретнале одма после натпреварот, и дека Фасоне му рекол дека нема потреба од загриженост, бидејќи тие сеуште веруваат во него и неговите способности.
Како и да е Кинеските газди на Милан, очекуваат нивниот тим брзо да се опорави од шокот и да покажат резултат против Аустриа Виена во четврток.