Ибрахимовиќ на индиректен начин призна: Мака мачи со играњето во Лигата на Европа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На сите им е добро познато дека големите европски клубови немаат премногу големи амбиции кога станува збор за настапите во Лигата на Европа.

Додека клубовите како Астра, Карабаг, Дундлак и Габала се задоволуваат со долгогодишните цели со учество во групната фаза во ова натпреварување, екипите како Интер или Манчестер Јунајтед ги играат овие натрпевари со резервните состави.

Сепак, Златан Ибрагимовиќ одигра доста натпревари оваа сезона во Лигата на Европа и тоа му претставува проблем. Тој призна дека натпреварите во четврток го убиваат.

„Ме убиваат натпреварите во Лигата на Европа кои се играат во четврток. Не ни останува многу простор за време, а јас не сум навикнат да играм во четврток. Следниот меч во Премиер лигата ни е во недела, а тоа значи дека ќе имаме ден помалку за одмор“, изјави Ибра.

Потсетуваме дека Манчестер Јунајтед заврши како второпласирана екипа во групата А во Лигата на Европа со 12 бода, односно бод помалку од прволасираниот Фенербахче.