Кој ќе биде најдобар стрелец за 2016 година?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во поминатите 9 месеци, се наоѓаат четири напаѓачи кои отскокнуваат од другите.

На листата најдобри стрелци во 2016 година барем засега води тандемот од Барса.

Станува збор за Лионел Меси и Луис Суарез кои постигнаа по 38 погодоци, а во нивниот штоп ги следи кој друг ако не златниот Златан Ибрахимовиќ со 37 погодоци.

Четврт е Кристијано Роналдо со 32 погодоци.

Да постигнат неколку гола повеќе Меси и Суарез ќе имаат прилика против Алавеш, Ибра тоа ќе може да го стори против Сити, а Роналдо во меч против Осасуна.