Ибрахимовиќ го очекува жестока казна од страна на ФА


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Златан Ибрахимовиќ се наоѓа во голема голгетерска криза бидејќи веќе шест натпревари по ред не успеа да ја затресе мрежата на противникот.

    Црвените ѓаволи вчера не успееја да го совладаат Барнли на домашен терен, а Ибрахимовиќ пропушти неколку одлични шанси.

    Сепак, на средината неделата Јунајтед во Лига Купот успеа да го совлада Манчестер Сити и да се пласира понатака.

    Овој меч го одбележа конфликтот меѓу Ибрахимовиќ и Отаменди, а шведскиот напаѓач може да биде жестоко казнет.

    Ибрахимовиќ после тоа со гестикулација проба да го навреди аргентинскиот играч.

    Овој потег на Ибрахимовиќ е под истрага, и многу лесно може да се случи Швеѓанецот да биде суспендиран на неколку натпревари.