Ибрахимовиќ: Доколку ја освојам Златната топка, утредента веднаш ќе му ја подарам на Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ никогаш не го сокрил своето воодушување кон својот поранешен соиграч во Барселона, Лионел Меси.

Во речиси секое интервју популарниот Ибра нагласува како Аргентинецот е најдобар играч во светот, а и најверојатно најдобар досега.

Најновата изјава на напаѓачот на Јунајтед уште еднаш го потврдува горенаведеното. Имено, напаѓачот на Јунајтед изјави дека не знае какви се правилата при изборот на Златната топка, но дека секоја година таа има само еден сопственик.

Кога и да ја освојам таа награда, утредента ќе одам до кај Меси и ќе му ја предадам него, бидејќи тој апсолутно ја заслужува секоја година“, изјави Ибра.