Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ ова лето пристигна во Манчестер Јунајтед и сега за сега игра одлични натпревари за црвениот дрес.
На него на крајот од минатата сезона му истече договорот со ПСЖ и како слободен играч се пресели во Манчестер Јунајтед, иако имал уште многу други богати понуди.
Неговиот агент, Мино Раиола откри дека Златан имал понуда од Кина која била тешка дури 100 милиони евра.
„Ибрахимовиќ е најдобар. Одби 100 милиони евра кои му ги понудија Кинезите. Тој веќе не сака пари, само сака да победува“, изјави Раиола.
Исто така, тој изјави дека неговиот друг клиент, Донарума ќе биде подобар голман од Буфон, бидејќи „кој доаѓа во иднина е подобар од тој во минатото“.