Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ е веќе во доцните играчки години, но изгледа дека ова презиме уште долго време ќе го заживува европскиот фудбал.
Тоа го докажуваат неговите синови Максимилијан и Висент, кои успешно се занимаваат со фудбал, а вчера тие станаа членови на академијата на Манчестер Јунајтед.
Шведскиот напаѓач своите синови ги запиша во младинската школа на клубот од „Олд Трафорд“, а изјави дека го очекува нивниот напредок.
Менаџерите во младинскиот тим на Јунајтед се среќни што синовите на Ибра се придружија на останатите деца во академијата, а истакнаа дека Масимилијан и Висент се многу талентирани.