Ибрахимовиќ објави фотографија од коленото после операцијата: Тие рекоа дека е готово, јас реков не


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ објави фотографија од неговото колено после операцијата која ја имаше минатата година.

Да потсетиме, Златан се повреди на крајот од сезоната 2016/17 во полуфиналето на Европа лигата, па многу брзо мораше на операција и многумина предвидоа дека неговата кариера е завршена.

Тој подоцна повторно потпиша нов договор со Јунајтед, а денес е член на екипата на Л.А Галакси во МЛС лигата и игра во врвна форма. Тој има постигнато 15 голови во САД досега.

Под фотографијата која ја објави тој напиша „Тие рекоа дека е готово. Јас реков не“.