Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ изјави дека победата е главниот фокус за него, но дека ги признава и поразите и учи од нив, без оглед на неговото искуство.
„Знам што сака Мурињо, ги разбирам и неговите барања. Тој е победник, а и јас себеси се гледам како победник, исто така, јас ќе давам се од себе за да победам и ние ќе победиме. Тој победуваше кога беше млад, исто како и јас. Сега сме малку постари и повторно тоа ќе го направиме. Не сме стари, само сме малку постари“, изјави Златан.
„Мурињо е директен со сите. Не е тип на човек кој зборува зад грб. Јас повеќе го сакам тоа, отколку да не зборува ништо. Тој знае што е потребно да се работи за да се победи. Ние не прифаќаме пораз. Дури и кога ќе изгубиме, ние учиме од тоа и на крај ќе победиме“
На прашањето за споредбата со Кантона, Златан изјави: „Секој играч има своја приказна. Споредбата со другите не би била фер. За мене, споредбата со Кантона е голем комплимент. Тој направи фантастична приказна, која ќе остане запишана во историјата на клубот. Поради тоа, ова е голем комплимент за мене“