Ибрахимовиќ ја продолжува авантурата во МЛС, останува во ЛА Галакси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


37 годишниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ веќе со недели се поврзува со преминување во Милан, а се чинеше во еден момент дека целата работа е завршена и пред реализација, но враќањето на Сан Сиро веројатно нема да се случи.

Италијанските медиуми, како и поедини шведски меѓу кои Експресен пишуваат дека дошло до пресврт во целата ситуација, а главна причина поради која Златан нема да се врати во Милан е фамилјата.

Имено, се наведува дека на неговта сопруга и на децата им е убаво во Лос Анџелес и дека немаат намера да се враќаат во Европа.

Освен тоа челниците на Лос Анџелес се спремни да му понудат уште повеќе пари на Ибрахимовиќ, бидејќи се очекува заминување на Алесандрињо или на Дос Сантош.

Поазди искусниот Ибрахимовиќ е одлична сезона во МЛС за ЛА Галакси. Тој на 34 натпревари постигна 34 погодоци и беше уверливо најдобар играч на клубот.