Ибра има порака за критичарите на Руни!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ рече дека неговиот соиграч Вејн Руни е “совршен играч“ и дека заслужува повеќе почит.

    Манчестер Јунајтед синоќа го победи Фејенорд со 4:0, во петтото коло од групата А во Лига Европа, а Руни беше стрелец во тој дуел и постигна во 39 минута гол во меѓународен натпревар.

    Капитенот така стана најдобар стрелец на клубот во европските клупски натпреварувања.

    Јунајтед ја оствари третата победа во групата, го зазема второто место на табелата со девет бодови и има бод помалку од Фенербахче.

    На екипата на Жозе Мурињо ќе биде потребен бод против Зориа во последното коло со цел да обезбеди пласман во нокаут фазата од Лига Европа.

    „Тој е фантастична личност. Среќен сум што го собори рекордот, а ќе му помогнам да постигне уште еден голл. Тој е за мене вистински рекордер“, рече Ибрахимовиќ за ББС.

    Руни во минатата недела се извини на непримерното однесување, поради тоа што медиумите објавија негови слики во пијана состојба на една венчавка.

    „Кога сте така славен, луѓето се заинтересирани. Сакаат се да знаат. Треба да го цениме поради тоа каков е фудбалер, што направи на теренот. Немаат многу англиски фудбалери таква кариера. Треба да добива повеќе почит. Сите сакаат да ги преувеличуваат работите“, рече Ибрахимовиќ.