Ивица Олиќ призна: Направив голема грешка!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Легендарниот хрватски фудбалер Ивица Олиќ е главна тема во Хрватска и Германија.

    Напаѓачот на Минхен 1860 ја прекрши забраната за одење во обложувалници и да се обложува на лигите во кои учествува, и е казнет со 20 000 евра и два натпревари суспензија.

    Германските медуми открија дека поранешниот напаѓач на Динамо се обложил на девет натпревари од германската втора лига и така заработил суспензија во Германскиот фудбалски сојуз.

    „Направив голема грешка“, призна 37-годишниот хрватски фудбалер, и додаде:

    „Учествував во систем на обложување со пријатели, но чисто од забава. Уплатата одеше преку моите кредитни картички. Не се обложувавме на големи пари, не се обложувавме на натпревари на Минхен. Тоа беше од забава“.

    Клубот најави жестока парична казна, а Олиќ се извини на навивачите.

    „Многу ми е жал поради се. Не бев свесен дека раборам нешто лошо“, рече Олиќ на кого договорот со Минхен истекува на крајот на сезоната.