Игор Стефановски победник на првата трка во Имола


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Лајн Рејсинг и Игор Иџе Стефановски стигнаа до победа на Имола.

    Стефановски стигна до првата победа оваа сезона со Сеат Леон во ЕТЦЦ. Тој славеше во првата трка пред двоецот на Рики мотоспорт кој што возат Хонда.

    Македонскиот возач трката ја стартуваше од четвртата позиција и ги помина Фулин, Пелинен и Рихард и се најде на првата позиција. Ја задржа предноста и се вееше македонското знаме и се слушаше македонската химна во Италија.

    Иџе во првите кругови возеше трпеливо зад Рихард. Ја чекаше шансата, а таа стигна во петиот круг кога со маневар ривалот го потопи во хондата.