Играчите на Бока пееја од инат, а потоа настана молк и само се слушна: „Викнете брза помош брзо“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот свет во саботата со нетрпение го очекуваа натпреварот на Монументал против лутите ривали, Ривер Плата и Бока Јуниорс, но натпреварот се одложи поради нередот кој се случи два часа пред почетокот. Имено, навивачи на Ривер го нападнаа автобусот во кој беа играчите на Бока, а тојца фудбалери завршија во болница поради повреди.

Иако организаторите пробуваа да ги уверат играчите на Бока да излезат на теренот и да го одиграат мечот, на крајот тоа не се случи. Натпреварот беше одложен за во неделата, но од Бока Јуниорс повторно побараа одложување, порачувајќи дека сеуште не се спремни после се, да одиграат така важен меч.

Суперкласико повторно се одложи и најверојатно ќе се одигра во декември.

На социјалните мрежи се појавија многу снимки од нередите, а се појави и видео од автобусот на Бока.

Во продолжение можете да го погледнете.