Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добрите вести за навивачите на Галатасарај не престануваат откако деновиве најпрво беше официјализиран трансферот на Маикон од бразилскиот Сао Пауло, потоа голманот Муслера потпиша нов четиригодишен договор а денеска дојде уште едно засилување и тоа од Премиер Лигата.
Станува збор за довчерашниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Фернандо Регес, кој денеска пристигна во Истанбул за да го финализира трансферот во Галатасарај. Висината на трансферот изнесува некаде околу 5 милиони евра. Фернандо е 30-годишен играч за врска и минатата сезона имаше 15 настапи за тимот на Манчестер Сити.
Ова е шестото засилување за тимот на Галатасарај летово откако претходно во тимот пристигнаа Н’Диаје, Гомис, Белханда, Маикон и Мариано.