„Игуаин вреди повеќе од Погба“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Прославениот аргентински фудбалер Ернан Креспо рече дека за него е логично што Јувентус потроши 90 милиони евра на Гонзало Игуаин, отколку Манчестер Јунајтед 105 милиони на Пол Погба.

Рекордни трансфери се остварени во текот на ова лето во Италија, но и во светот, поради тоа што Старата дама купуваше и продаваше по големи цени.
„Никој не ви дава ништо за џабе, посебно не во фудбалот. Ако Јувентус го плати толку за да го доведе Игуаин од Наполи, тоа значи дека вреди толку. По мое мислење, логично е да плати 90 милиони евра за напаѓач кој постигна 36 голови во текот на една сезона.

Пологично е отколку што Манчестер Јунајтед плати 105 милиони евра за Погба. И тоа го кажувам со целоста почит кон Французинот, кој е одличен фудбалер“, нагласи Погба.

Игуаин во минатата сезона го надмина рекордото во Серија А на сите времиња, постигнувајќи 36 голови на 35 натпревари.