Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличниот напаѓач на Јувентус, Гонзало Игуаин во последното интервју го откри дефанзивецот против кого му било најтешко да игра.
Станува збор за Карлос Пујол, поранешниот капитен на Барселона, против кого Игуаин играше кога го носеше дресот на Реал Мадрид.
„Најдобриот дефанзивец против кого сум играл е Карлос Пујол. Со никого не се мачев толку, како што со него. Кога бев помлад играв против Барселона, Пујол беше неподнослив. Тој е фантастичен фудбалер“, изјави Игуаин.
Карлос Пујол целата кариера ја помина во Барселона, а се пензионира во 2014. година. Во кариерата одигра повеќе од 600 натпревари за каталонскиот клуб, а постигна 19 гола.