Игуаин и Пјаниќ за лесна победа на Јувентус против Сасуоло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус го победија Сасуоло со 3:1 во дуелот од 3 коло од италијанската Серија А со двата гола на „дебелиот“ Игуаин и еден на Пјаниќ.

Веќе после 10 минути игра мечот беше готов. Гонзало Игуиан, човекот кој е платен 94 милиони евра, постигна два гола за предност од 2:0 на самото отворање на мечот. Се редеа шансите пред голот на гостите и во продолжението, а во 27 минута Јуве стигна до трет гол.

Миралем Пјаниќ во дебито погоди за големи 3:0. Се врати Сасуоло во 33 минута преку Лемељо, но до крајот не можеа ништо да направат. Екипата на Масилиано Алегри успеа лесно да го приведе мечот до крај, иако шанси имаше уште.