До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најталентираните 22 од вториот ешалон.
Џампјеро Вентура размислува и за тоа утре. Селекторот на Италија го соопшти списокот од 22 играчи за ноемвриското дружење каде што ќе ги провери можните квалитети на најквалитетните играчи од Серија А и Серија Б, а кои не играат за клубови учесници во европските натпреварувања, односно Јувентус, Наполи, Фиорентина, Интер, Рома и Сасуоло.
Додуша, Наполи прифати за на селекторот да го отстапат дефанзивецот Лоренцо Тонели, а Милан Мануел Локатели и Џанлука Лападула.
На списокот се дури седмина фудбалери на Аталанта, па тандем од второлигашот Беневенто, и Лука Гаритано од Чезена, кој е на дури на 18 место во Серија Б.
Пробните тестови се закажани за 21, 22 и 23 ноември.
Голмани: Алесио Крањо (Беневенто), Марко Спортљело (Аталанта);
Одбранбени фудбалери: Антонио Барека (Торино), Федерико Барба (Емполи), Матија Калдара (Аталанта), Андреа Конти (Аталанта), Федерико Димарко (Емполи), Армандо Ицо (Џенова), Лоренцо Тонели (Наполи), Франческо Зампано (Пескара);
Среден ред: Данило Каталди (Лацио), Роберто Гаљардини (Аталанта), Алберто Граси (Аталанта), Мануел Локатели (Милан);
Крила: Амато Чичирети (Беневенто), Марко Д`Алесандро (Аталанта), Лука Гаритано (Чезена), Виторио Париџни (Киево);
Напаѓачи: Џанлука Капрари (Пескара), Роберто Инглесе (Киево), Џанлука Лападула (Милан), Андреа Петања (Аталанта).















