Иеро и по големиот пораз се однесуваше како вистински шампион


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Фернандо Иеро ја водеше Шпанија на Светското првенство, откако изненадно отказ доби Лопетеги.

Очигледно не е зрел за најголемите предизвици, но откако на ден-два пред почетокот на Светското му беше соопштено да ја превземе репрезентацијата тој се согласи.

„Сите ја чуствуваме истата болка, дојдовме овде да направиме нешто, да се бориме за трофеј, но тоа е фудбалот“, изјави Иеро.

„Ми беше задоволство да ги тренирам. Ако постои неко кого треба да го критикувате, тоа сум јас и јас како тренер сум одговорен за се што се случи. Мојата иднина? Не е мое да одлучам, но после елиминацијата веќе и не е важно“, додал Иеро.