Икер Касиљас се запиша во историјата на Лигата на Шампионите


    Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


    Легендата на Шпанската фудбалска репрезентација и Реал Мадрид, Икер Касиљас синоќа влезе во историјата на Лигата на Шампионите.

    Икер стана фудбалерот со најмногу победи во историјата на Лигата на Шампионите. Голамнот на Порто синоќа ја регистрираше 92. победа по драмастичниот успех против Клуб Бриж и така го надмина Чави Ернандес кој имаше 91 победа.

    Икер исто така е и играчот со најмногу сезони во ЛШ по пробивот на „змејовите“ во групната фаза на клупското натпреварување.