До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Селекторот на нашата млада репрезентација Благоја Милевски рече дека неговата селекција доби силни противници на ЕП, но и дека тоа може да биде стимуланс за да се претстават во уште подобро издание.
Нашата репрезентација на шампионот на Европа во Полска ќе игра во Групата Б со Србија, Португалија и Шпанија.
„Добивме репрезентации кои се меѓу првите пет најдобри селекции според квалитетот на младинскиот фудбал. Ова е нова можност да ги покажеме нашите квалитети и да се претставиме во уште подобро издание“, рече Милевски после ждребот за ЕП.
„Секако дека имаме што да покажеме, патуваме без притисок и сакаме да прикажеме квалитет демонстриран во квалификациите. Ќе се бориме и ќе пробаме да ја издрадуваме јавноста“, рече Милевски.
Европското првенство се игра од 16 до 30 јуни 2017 година во Полска.















