„Имам верзија на Френк Лампард во Арсенал“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Арсен Венгер зборуваше пред натпреварот со Лудогорец за играчите на кои смета за тој меч.

    Арсенал го совлада Сандерленд во рамките на Премиер лигата во сабота попладне, а Венгер беше презадоволен после мечот. Екипата сега ги очекува пат во Бугарија каде што ќе игра против Лудогорец во рамките на четвртото коло од Лигата на шампионите.

    На мечот против Сандерленд се врати и Арон Ремзи, голем репрезентатитец кој може доста работи да донесе на Арсенал во продолжението на сезоната.

    „Тој е играч кој донесува доста добри работи на екипата, ги турка напред. Тој е играч каков што сакаме да имаме во екипата.

    Може да ја држи средината на теренот, може да игра по страните. Ме потсетува на Лампард, има сличности со него, ист квалитет“, рече Арсен Венгер за Ремзи.