Имаш ли ти живот човеку? Играл Фудбал Менаџер 174 дена, освои 151 титула, влегол во Гинисовата книга


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дарен Бленд, Англичанец играл Фудбал Менаџер 174 денови со Фиорентина предводувајќи ја од 2010 година до 2163, и освоил 151 титула.

Англискиот зависник со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди како актер на најдолгата игра на легендарната фудбалска игра, водејќи тим цели 154 сезони. Бленд играјќи помина точно 174 денови 16 саати и 51 минута и потроши 2 години од реалниот живот за да освои 151 виртуелна титула тренирајќи ја Фиорентина на ФМ 2010.

Би терал и уште ако во моментот кога ја започнал сезоната 2163/64 не му се истури чаша сок врз лап топот. Стана легенда на играта.

„Навивач сум на Ливерпул и пред Фиорентина ги водев нив цели 80 години“ – вели Бленд.

А потоа и ни рече зошто го направи ова со Фиорентина.

„Посакав да ја издигнам Фиорентина на врвот на светскиот фудбал. Кога ќе започнам кариера со еден тим, ја завршувам со истиот. Не ги менувам бидејќи не сакам да го напуштам трудот кој сум го градел со години. Ја избрав бидејќи мојот фудбалер Сократес кој ми е инаку омилен имаше слаба сезона во 1982 година“ – вели Бленд.

Според информациите од ФМ, Бленд целиот одмор го потрошил играјќи ФМ, па ако сакате да го пристигнете, навалете.