Има ли крај за очајната серија на Јунајтед: Мурињо експерт за негативни рекорди


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    „Олд Трафорд“ порано беше стадион од кој се плашеа сите ривали, но повеќе не е така. Стоук ги шокираше играјќи 1:1, потоа Барнли исто така успеа да освои бод токму тука, па истото го направи и Арсенал, а синоќа и Вест Хем (1:1).

    Манчестер Јунајтед е во криза и во играта и во резултатите, особено во Премиер лигата, па разликата зад лидерот Челси по 13 кола е големи 11 бода.

    Ова е најлошата изведба на тимот во последните 26 години, со што го зарижува и Жозе Мурињо.

    Последниот пат „Црвените ѓаволи“ по 13 кола имаа само 20 или помалку бодови, тоа беше уште во сезоната 1990/1991.

    Освен најлошиот старт во ерата на Премиер лигата, навивачите на најтрофејниот англиски клуб треба да се загрижат и на играта на нивните миленици на домашен терен, каде што врзаа четири натпревари без победа, прв пат уште од декември 1990. година.

    Сигурно дека пред Мурињо е уште една многу тешка сезона, која тешко дека ќе може да ја претвори во своја полза.