Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Индијана Пејсерс упати тужба преку раководството на НБА лигата со која го тужи Меџик Џонсон поради нелегално преговарање со Пол Џорџ. Легендарниот Меџик беше поставен за претседател за спортски операции во тимот на Лејкерс на почетокот на оваа година и токму затоа овие обвинувања го таргетираат токму него.
Имено, Пејсерси се убедени дека Меџик го убедувал Пол Џорџ да не потпишува нов договор со Пејсерси туку да му се придружи на тимот на Лејкерс по истекот на актуелниот договор, кој му завршува по крајот на наредната сезона.
Како доказ раководството на Индијана ја приложува видео-снимката од гостувањето на Меџик Џонсон во ТВ-шоуто на Џими Кимел, каде тој имаше контроверзен коментар околу сагата што се одвиваше во тој момент со Пол Џорџ.
Лејкерс, како и Меџик Џонсон експресно ги негираа овие обвинувања но по сѐ изгледа Пејсерси се спремни да одат до крај со оваа тужба. Тоа би можело да донесе големи казни за организацијата на Лејкерс доколку се докаже дека Меџик намерно и планирано влијаел на одлуката на Пол Џорџ да не го продолжи договорот.
Пол Џорџ го напушти тимот на Индијана и отиде во Оклахома Сити Тандер по трејдот кој се случи во месец јуни, а за возврат Пејсерси ги добија Домантас Сабонис и Виктор Оладипо. Џорџ беше трејдуван заради тоа што одби да го продолжи договорот а Индијана не сакаа да го загубат без да добијат ништо за возврат, така што трејд им беше единствената исплатлива опција.